Дури 37% од испитаниците би се вакцинирале само ако можат да бираат а најчесто ја преферираат руската вакцина Спутник V,се зборува и за Фајзер но некако скептично коментираат и за кинеската вакцина.
Ова се резултатите од анкетата на Вработување.ком на поставеното прашање:
Дали ќе се вакцинирате против Ковид -19?
- Да. Со било која вакцина (21%)
- Да. Ако можам да одберам вакцина (37%)
- Не (29%)
- Се уште размислувам (13%)
Високит број на оние кои одговориле дека немаат намера да се вакцинираат (29%) собран со оние кои се уште се мислат, ја дава бројката од дури 42% од испитаниците кои не се спремни да примат вакцина.
Најчестоте образложенија се дека е невозможно да се направи вакцина за една година,дека вакцинирањето е еден вид отров но и дека вакцината е недоволна заштита.А еден од одговорите е и дека нема да се вакцинира бидејќи сака да живее.
Недовербата во вакцината е вака напишана статистички а како ќе се покаже на терен останува да видиме од утре.За сега интерес за вакцинација пројавиле 218,577 а до сега се вакцинирани 61,603 стои на официјалната страница на Министреството за здравство.
За пријава за вакцина кликнете на овој линк https://vakcinacija.mk/