Дали некогаш сте помислиле дека Вашата работа може да биде креативна до тој степен што би биле мастер за пишување пораки во колачиња на судбината или можеби дегустар на храната за кучиња? Затоа денеска ние Ви ги претставуваме ,, најлудите “ работни места за кои никогаш не би помислиле дека постојат, а се одлично платени.
Ако некогаш сте отвориле колаче на среќата или судбината веројатно сте се запрашале кој е авторот на таа слатка скриена содржина. Главните виновници и креативци на овие пораки се млади студенти кои дошле до идеја за дополнителна заработка. Секоја година се произведуваат околу три милијарди колачиња , а некој се труди да ги ,, зачини “ со пораки кои се доволно инспиративни што ќе посакате засекогаш да живеете во светот на слатките. Добивате ,, слатка “ заработка и до 30.000 евра годишно.
Дали знаете да го препознаете полот на кокошките? Да, да чудно но вистинито. Постојат одгледувачи на кокошки чија специјалност е нивниот пол. Коските и крилјата се клучните фактори за процесот на ова истражување. За производителите е важно што побрзо да го утврдат полот а со тоа се котираат што е можно повисоко во однос на квалитетот на месото. Како и секоја работа па така и во оваа, потребни се вештини и обука. Во Азија оваа професија е исклучително ценета и одлично платена, нејзината цифра изнесува и до 45.000 годишно.
Доколку ги сакате домашните миленици и освен љубовта што ја делите со нив сега имате можност да ја делите и храната. Се бараат дегустатори на храната за кучиња. Условите се прекрасни, работното време флексибилно се што треба е да имате изразени јаки сетила за мирис и вкус. Дегустаторот на кучешката храна заработува и до 22.000 евра годишно. Дали би се пријавиле?
Совршената работа за сите спанковци дефинитивно ја има НАСА. Си имате ,, доживотен “ одмор со тоа што си лежите во кревет 70 дена и си заработувате до 100.000 евра годишно. Астронаутите ја имаат идеалната работа. Ако сте храбри и авантуристи аплицирајте!