За да ви помогнеме да разберете зошто се чини дека никако не можете да заштедите, за вас издвоивме неколку причини зошто луѓето се неуспешни при штедење. Кога ќе разберете каде грешите, полесно ќе успеете да ги корегирате тие грешки.
Прочитајте го првиот дел од статијата ОВДЕ
1. Одложувате
Лошите штедачи постојано одложуваат, велејќи си дека ќе заштедат подоцна. Вистина е дека доколку не одвојат пари веднаш, повеќето нема да го сторат тоа воопшто.
Како да го решите овој проблем?
Земете одреден процент од вашата плата и истиот веднаш префрлете го на посебна сметка, наменета само за штедење. Остатокот од парите искористете го за сметки и други трошоци.
2. Се споредувате со други
Нормално е понекогаш да се спредувате со другите, но често вакво однесување може да резултира со лоши финансиски избори. На пример, ако секогаш се споредувате со други луѓе кои ги имаат најновите парчиња облека, тогаш ќе почнете да трошите пари што ги немате на нова облека. Ова ќе резултира со големи долгови и стресови.
3. Немате поддршка
Доколку најголемиот дел од вашето слободно време го поминувате со луѓе кои не се добри во управување на пари, нивните лоши навики ќе се одразат врз вас. Важно е да се дружите со луѓе кои имаат познавања за финансии. Со истите можете да се консултирате секогаш кога сте во искушение да потрошите поголема сума на пари.
4. Треба да заработувате повеќе
Ако сте ги намалиле трошоците а сè уште немате многу пари за заштеда, време е да разгледате начини за зголемување на приходите. Тоа може да значи повеќе часа на работа, продавање работи кои повеќе не ги користите итн.
5. Ги мешате „желбите“ со „потребите“
Некои работи се потреби, но многу работи што луѓето ги купуваат се нивни желби и не се неопходни.
Единствените работи што навистина ви требаат вклучуваат место за живеење, храна, вода и одредена количина облека.
Некои мислат дека им се неопходни скапи телефони, големи куќи, често одење во ресторани итн,. Овие работи навистина не се неопходни и истите ве спречуваат да имате заштеда.
За повеќе финансиски совети следете го профилот на МОИ ФИНАНСИИ