Во обид да се намалат штетните чадови, Град Скопје нуди субвенции за купување на нов инвертер за жителите на Град Скопје (општини Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај).
Максималниот износ на субвенцијата изнесува 62.000 денари, а може да се аплицира на https://aplikacii.skopjelab.mk/inverteri доколку апликантот претходно не добил субвенции за затоплување (со печки на пелети или инвертери).
Повикот има за цел да ги стимулира жителите на Град Скопје (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.
Апликација може да поднесат жителите кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред во 2021 година (почнувајќи од 01.01.2021г.) до затворање на јавниот повик или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.
Јавниот повик се реализира по редослед на аплицирање,односно по дата и време на аплицирање и потврда за предадена печка
Јавниот повик ќе трае заклучно со 01 Ноември 2021 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.