Хрватска ќе донира вкупно 20.000 дози вакцини Ковид-19 на Албанија и на С. Македонија, соопшти хрватското Министерство за надворешни работи
Албанија и С. Македонија ќе добијат по 10.000 дози на вакцини од Хрватска, се вели во соопштението на Министерството во четвртокот.
Министерството не го откри датумот на дистрибуција, ниту производителите на вакцините што ќе бидат донирани.
Минатата недела Министерството за надворешни работи соопшти дека Хрватска ќе донира 30.000 дози вакцини Ковид-19 на Босна и Херцеговина, 10.000 на Црна Гора и 10.000 на Косово.