Влез во Грција е дозволен со завршена вакцинација или негативен ПЦР тест а ќе биде овозможен и за македонските граѓани, како што се соопшти од властите. Сепак има нови правила за патување во јужниот сосед. Пред да влезе во земјата секој патник мора да има попоплент документ таканаречен локатор за патници или PLF. Пополнувањето треба да да биде завршено ден пред да влезат во Грција (најдоцна 23.59 часот претходниот ден) или ден пред да ја напуштат земјата.
Во него има детални информации за тоа која е појдовната точка, однозно влезот, времетраењето на претходниот престој во други земји и адресата на нивниот престој додека се во Грција. Во случај на повеќекратен престој (на повеќе места), од нив се бара да ја наведат адресата каде ќе бидат во првите 24 часа. Треба да се достави еден PLF по семејство.
Патниците ќе добијат потврда по е-пошта по поднесување на PLF. Детали и образец за ПФЛ на следниот линк
Формуларот PLF може да се најде и на апликацијата Visit Greece и на travel.gov.gr. На патниците им се препорачува бесплатно да ја преземат апликацијата Visit Greece (согласност со GDPR), пред нивното пристигнување во Грција.