Министерството за надворешни работи на Македонија информира дека Владата на Хеленската Република, донесе нова заедничка министерска одлука со која од 14 мај 2021 се укинуваат мерките за ограничување на копнените, воздушните и водните врски со трети држави (вклучително и државјани на Македонија) и се дозволува влез во земјата во периодот од 14 до 24 мај о.г, под следните услови (утврдени во член 3 од Одлуката):
1) сите патници кои влегуваат во земјата, независно од нивното државјанство, се должни да пополнат формулар ПЛФ (на веб-страна travel.gov.gr), најмалку 24 часа пред датумот на влез. Пополнетиот ПЛФ формулар се смета за неопходен патнички документ за секој вид на влез во Хеленската Република (по копнен, воздушен и воден пат);
2) сите патници кои влегуваат во земјата, независно од нивното државјанство и начинот на влез, се должни:
а) да поседуваат сертификат за вакцинација на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа, согласно домашното законодавство и да имаат доказ дека се поминати најмалку 14 дена од денот на нивната вакцинација против КОВИД-19. Сертификатот за вакцинација треба да содржи: име и презиме на лицето, како што е наведено во пасошот, видот на примената вакцина, бројот на примени дози и датумот на нивното примање;
б) алтернативно, да имаат негативен резултат од PCR тест, не постар од 72 часа издаден од сертифицирани јавни или приватни лаборатории, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик;
в) алтернативно, патниците можат да остварат влез и со потврди дека прележале КОВИД-19, дијагностициран со позитивен ПЦР-тест или потврда за присуство на антитела со важност од 2 до 9 месеци од датум на дијагностицирањето на болеста. Потврдата треба да е издадена од јавна установа или од сертифицирани јавни или приватни лаборатории од согласно националното законодавство на земјата на пристигнување, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик. Горенаведените обврски важат и за малолетни деца над 5 години.
Горенаведените документи мора да се презентираат пред соодветните грчки погранични органи или Генералниот секретаријат за цивилна заштита.
Сите патници кои патуваат во Хеленската Република, независно од нивното државјанство и начинот на влез во земјата, ќе бидат подложени на rapid-тест на граничниот премин, врз основа на соодветен алгоритам и се должни за време на престојот во земјата да ги почитуваат вонредните мерки за спречување на ширењето на КОВИД, согласно претходните министерски одлуки.
Лицата кои ќе бидат подложени на рапид тестови, остануваат на граничниот премин се до издавањето на резултатот од тестот.
Против патниците кои ќе ги прекршат горенаведените мерки, ќе бидат изречени соодветни законски санкции.
2) Мерките од член 3, став 1, 2 и 3 при влезот на следните точки:
- сите меѓународни аеродроми во земјата;
- пристаништата во Патра, Игуменица, Керкира
- граничните премини a) Промахонас и Ормениу (овие премини отворени 24 часа) и Евзони (отворен од 7:00 до 23:00 часот по грчко време т.е од 6 до 22ч по македонско ).
Авиокомпаниите и бродските компании, како и компаниите за патен и железнички транспорт се обврзани да го проверат патникот пред да тргне на пат, за да потврдат дека ги има потребните документи опишани во член 3, а во случај на утврдени прекршувања имаат обврска да го вратат патникот на сопствен ризик и трошок.
Оваа одлука ќе се применува за временскиот период од 14 мај 2021 година од 06:00 часот до 24 мај 2021 година и 06:00 часот.