Управата за јавни приходи на 27 јуни годинава ќе одржи јавна аукција каде ќе се продаваат запленети возила и тоа автомобили, станови, товарни возила, цистерни и многу други предмети.
Предмет на аукција, меѓу другото е и Фиат Пунто од 2005 година кое се продава по почетна цена од 95.000 денари, Вектра од 1995 година за 72.263 денари, Пасат од 2012 година за 900.000 денари и Мерцедес од 1989 година за 98.000 денари.
За да ја погледнете деталната листа на сите предмети кои се нудат на распродажба, отворете го следниот линк.