Сите македонските државјани кои се обиделе да влезат во Грција со тест со кој се потврдува присуство на антитела по прележан ковид-19, биле вратени од граничните власти на преминот „Евзони“
Покрај тоа што беше најавено, засега Македонците кои имаат прележано ковид-19, сè уште не можат да влезат во Грција со тест за антитела, туку исклучиво тоа може да го направат со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа) и потврда за вакцинација 14 дена по примањето на втората доза.
Сите македонските државјани кои се обиделе да влезат во Грција со тест со кој се потврдува присуство на антитела по прележан ковид-19, биле вратени од граничните власти на преминот „Евзони“.
Ова за Плусинфо го потврдија од нашето Министерство за внатрешни работи.
– Не е дозволен влез на македонски државјани во Република Грција со тест за антитела. Влез е дозволен само со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа и со потврда за целосна вакцинација – ни рекоа од МВР.
Ваквата ситуација е навистина хаотична, поради тоа што според грчкото МНР во земјата може да се влезе и со потврда за прележан ковид-19 или да се покаже резултат од позитивна дијагноза со ПЦР или антиген тест, што е валиден од два до девет месеци од датумот на заболување наведен во документот.
Целиот текст прочитајте го на plusinfo.mk