Порастот на цените на становите во Скопје е евидентен и наспроти оправдувањата дека е поскапена и работната сила и матријалите сепак се чини 1500 евра за квадрат е многу, ако се спореди со цената на квадрат покрај море.
Со отварањето на границата со Грција, пак стана актуелна темата за купување на станови на Хакидики за оние кои тоа можат да си го дозволат.Српски Телеграф прави анализа за исплатливоста на инвестицијата па додава дека секогаш е добра опција ако можете да си дозволите некретнина на Халкидики.Ако не ја користите секогаш можете да ја издавате а и да ја продате нема да изгубите од првичната вредност.
На Халкидики, во моментов се продава стан од 37 квадратни метри, со две соби, за 64.000 евра, што значи дека цената на метар квадратен е околу 1.700 евра. Недвижен имот во Ханиоти вреди малку помалку, каде квадратен метар е помалку од 1.500 евра. Се продава стан, со базен, од дури 95 м2, со три соби, за околу 140.000 евра.
Исто така, се наведува дека имотот е близу до морето, па можеме да заклучиме дека истакнатата цена по м2 не е преценета, имајќи ги предвид сите наведени придобивки.
Кога сте сопственик на стан или куќа на море, предноста е во тоа што ви се исплатува дупло: можете или да го користите лично, за ваши сопствени потреби или да го изнајмите. На пример, во Паралија, која секоја година ја посетуваат многу луѓе од нашата земја - традиционално цените се пониски.Се нуди стан на Олимпик плажа, од 45 квадратни метри, кој се продава за само 50.000 евра.
Во Катерини (Паралија), квадратен метар чини уште помалку - околу 1.000 евра. Се продава студио од 25 м2, од нова зграда, за околу 27 000 евра. Исто така, се нудат студија до 30 квадратни метри, што може да биде доволно ако го посетите морето 2-3 пати годишно, а во огласот е наведено дека недвижноста е легална
Ако, пак, го изберете Солун, подгответе се за оптимална цена на метар квадратен од 1.500 евра. Во центарот на градот се продава двособен стан (66 м2), кој чини 99.000 евра. Во огласот пишува дека е веднаш вселив, има тераса, француски балкон, клима уред,internet .Станот се наоѓа во тивка улица Птолемаион и на 6 кат од седум ката во зграда со лифт.
Секако постојат и баснословни цифри и цени но овде се наведени оние за нормално функционирање без луксузирања.