Скопскиот аеродром имал повеќе патници отколку неговиот традиционално попрометен конкурент во Загреб во текот на првите четири месеци од оваа година.
Најпрометниот македонски аеродром превезол 197.887 патници во периодот од јануари до април, што е пад од 48,6 отсто. Во Загреб, бројот на патници се намалил за 65,8 отсто, на 167.420 за четири месеци.
На повеќето македонски граѓани сè уште не им е дозволен влез во повеќето земји-членки на ЕУ, кои традиционално се најпрометните пазари на аеродромот во Скопје. Околу 77 отсто од прометот на воздуопловното пристаниште се генерира од пазарите во ЕУ, пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз.
Пандемијата ссо КОВИД-19 го смени традиционалниот редослед на најпрометните аеродроми во поранешна Југославија, при што Приштина имаше најмногу патници во текот на првиот квартал, надминувајќи ги Белград, Загреб, Сплит и Дубровник.
Во периодот јануари-април, најголем капацитет во и надвор од Скопје беше понуден на двата аеродроми во Истанбул – Истанбул Интернешнл и Сабиха Гокчен – а потоа следуваа Базел, Лондон Лутон, Дортмунд и Виена. Во исто време, повеќето места во и надвор од Загреб беа понудени на Франкфурт, проследено со Амстердам, Дубровник, Сплит и Истанбул. Скопје го надмина Загреб и во февруари и во март, иако хрватската престолнина беше попрометна во април, што ги вклучи велигденските празници.
Овој месец, количината на понудениот капацитет од Македонија изнесува 45,6 отсто во споредба со нивото пред ковидот во 2019. Од друга страна, Хрватска во мај достигна 20,6 отсто од капацитетот од пред две години.