Најдоцна до 31 мај е рокот за потврда или корекција на годишните даночни пријави
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира граѓаните дека на 31 мај истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишните даночни пријави (ГДП) за доходот што го оствариле во текот на 2020 година.
Заклучно со овој рок, даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираа
Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2020 година.
Кај граѓаните кај кои се појавува обврска за доплата ќе се генерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава (во прозорче печати).
– Апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, тоа да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот, меѓу нив и заштедата на време, се вели во соопштението од УЈП.