„Не ми е важно да е бренд компанија, се додека фирмата ги почитува работничките права, дава редовна плата и негува добри меѓучовечки односи, не ми е битно во која компанија ќе работам“
Направивме анкета во која прашавме: Ако имате понуда за исто работно место со исти услови, плата и бенефиции, каде би се вработиле попрво?
Многу неочекувано, најмал број на испитаници (16%) се изјасниле дека тоа би била позната бренд компанија.
Приближен број (18%) го избрале одговорот „во нова, растечка компанија“, а во коментарите неведуваат дека ваквите компании нудат најмногу опции за напредување и докажување. „ Бидејќи можностите за напредување и учење ќе бидат поголеми и побрзи “; „Да напредувам заедно со компанијата“ – се дел од коментарите.
22% се изјасниле дека попрво би избрале интернационална компанија.
32% избрале стабилна а не толку позната компанија, а дел од коментарите се „Да бидам вработен со години, а не секои 3 месеци да барам нова работа“ и „Да има редовна пллата и раотникот да ги има своите права“.
13% се изјасниле дека не им е важно. Дел од нивните коментари и објаснување за изборот се „Се додека фирмата ги почитува работничките права, дава редовна плата и негува добри меѓучовечки односи, не ми е битно.“ „Онаму каде што има најголема шанса за унапредување.“
Кое е вашето мислење?