Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода и Центар, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 9.00 до 15.00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Саса“ – подулица бр.32, Општина Кисела Вода.
Во периодот од 9.30 до 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Периша Савелиќ” до бр.38, „Тодор Александров” од бр.71 до бр.79, „Славејко Арсов” од бр.132 до бр.146 и „Салвадор Аљенде” до бр.58, Општина Центар.
извор: slobodenpecat.mk