Во Македонија, маските на отворено веќе не се задолжителни од денеска, но полицискиот час останува на сила до 15 јуни.
Македонската влада објави дека маските ќе продолжат да бидат задолжителни во јавниот и такси превозот, како и во сите затворени простори.
На спортски натпревари, присуството на публика ќе биде дозволено до 30 проценти од вкупниот капацитет, со задолжително почитување на растојанието помеѓу посетителите од 1,5 - 2 метри.
Мерката за забрана за собирање на повеќе од четири лица на отворено е укината, а организирање свадби, прослави и забави на отворено е дозволено во присуство на максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот .
Максимум шест лица можат да седат на една маса, а музиката во живо е дозволена само на свадби, и во согласност со правилата.