Од половина евро до четири евра, во зависност од видот на сместувањето, ќе бидат повисоки цените во Грција во изнајмените апартмани и хотелите, поради новиот данок на престој што стапи во сила на почетокот на годинава.
– Данокот на престој е на товар на туристите со нивното пристигнување. Се однесува и на хотелите и на изнајмените апартмани и соби. Висината е во зависност од категоријата. Половина евро за изнајмените соби и апартмани и за хотелите од 1 и 2 ѕвезди, 1.5 евра на ден во хотелите со 3 ѕвезди, 3 евра за 4 ѕвезди и 4 евра во хотелите со 5 ѕвезди, објаснува Тасисос за МИА.
Значително поскапа е и храната но и угостителските услуги. Проценките се дека и тука ќе потрошите 100 евра повеќе од лани. Грубата математика вели дека ако сакате да поминете во идентична атмосфера како и лани, за 10 дена ќе ви требаат околу 200 евра плус.