Недостатокот на угостителски работници е резултат на кризата и односот на владата кон секторот, сметаат угостителите.
Туристи пристигнуваат во Хрватска, но кој ќе им служи? Побарувачката за работници деновиве е зголемена во споредба со предикризната 2019 година.
Келнерите и готвачите се најбарани, но ги има сè помалку, бидејќи има и побарувачка во странство, а годинава немаше увоз на работници од други земји.
Границите се отвораат, времето станува поубаво – сите предуслови за почеток на туристичката сезона ги има – недостасува само квалитетна работна сила што успешно ќе се вклопи во угостителската индустрија, пишуваат хрватските медиуми.
Хрватска рапидно го губи населението, а главно заминуваат луѓе во полн напон на работната сила, кои имаат знаења и лесно можат да ги применат во странство и да најдат работа. Уште полошо за демографската слика на земјата е што заминуваат цели семејства и Хрватска веќе бележи алармантен пад на бројот на населението.
извор: centar.mk