Угостителските објекти кои немаат летни тераси остануваат забранети затоа што Комисијата за заштита од заразни болести заклучила дека во нив нема да се почитуваат протоколите за заштита од коонавирусот.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не се работи на подготовка на протоколи за работа на затворените делови од угостителските објекти токму поради ставот дека внатре нема да се почитуваат препораките за заштита од Ковид-19.
Со олабавувањето на мерките за заштита од вирусот од вторникот, оваа недела дозволено е организирање свадби, но само на летни тераси кои се отворени од три страни. Дозволена е жива музика, но пејачите не смеат да се движат меѓу гостите и треба да бидат оддалечени пет метри од правата маса. Не е дозволен никаков физички контакт меѓу гостите па забранети се ора, поздравување со ракување, гушкање и бакнување.
На гостите ќе им биде дозволено да играат на подиум на кој треба да има по четири квадратни метри за секое лице.
И влезот на свдбите ќе биде строго по протоколи, односно на гостите со покачена температура нема да им биде дозволено да влезат на веселбата.
извор: tocka.com.mk