Иако имаше најави дека тоа ќе биде за деца над 10 години сепак,од понеделник 7 јуни, во 6 часот наутро во Грција стапува во сила мерката за задолжителен тест на сите деца и лица постари од шест години.
Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас соопшти дека одлуката стапува во сила на 7 јуни, јавуваат грчките медиуми, пренесува Б92.
Во карантин од 10 дена ќе мораат да влезат сите кои на границата ќе бидат позитивно тестирани измената е наместо 14 дена.
Ќе бидат дозволени тури со водич по 20 лица на отворено.
За да влезете во Грција, треба да пополните формуларот PLF, кој можете да го најдете на страницата travel.gov.gr, како и доказ за имунизација.
Во однос за влез со потврда за вакцинација, ќе може да се влезе со која било вакцина, но последната доза мора да биде примена најмалку 14 дена пред влезот во земјата.
Доколку не сте вакцинирани морате да имате ПЦР тест не постар од 72 часа. А ако сте го прележале коронавирусот треба да дадете на увид потврда дека сте боледувале од вирусот во период од 2 до 9 месеци пред влезот. Тоа се потврдува со тогашен позитивен ПЦР или антигенски тест преку кој е дијагностициран вирусот.