Во Грција од понеделник стапува на сила обврска да се спроведе задолжителен влезен тест за лица постари од 6 години.
Сите туристи ќе можат да влезат во оваа земја со негативен тест, не постар од 72 часа или сертификат.
Никос Хардалиас, заменик министер за цивилна заштита информираше дека одлуката ќе стапи на сила на 7 јуни, пренесуваат грчките медиуми.
Сите оние кои се позитивно тестирани на границата ќе треба да бидат ставени во карантин од 10 дена.
Условите за влез во Грција се менуваат, ќе бидат дозволени туристички тури на групи од по 20 лица на отворено.
Списокот со услови за влез во Грција е следен:
1) Пополнет формулар PLF
Овој формулар може да се најде на страница travel.gov.gr
2) Доказ за имунизација
Мора да направите негативен тест не постар од 72 часа. И, ако сте биле заболени, треба да обезбедите доказ дека сте боледувале од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето. Ова го потврдувате со позитивен или антигенски тест.