Постојат два основни видa тестови кои го мерат присуството на антителата во организмот и оние кои испитуваат во колкава мера тие антитела се ефикасни против вирусот.
Многу работи сѐ уште не се знаат за новиот коронавирус SARS-CoV-2, вклучувајќи го и прашањето за трањето на имунитетот по прележаната инфекција. Прашањето збунува многумина, од научниците до обичните луѓе кои би сакале да знаат во колкава мера се заштитени по првата доза на вакцината.
Првите се многу сигурни ако сакате да утврдите дали сте имале ковид-19. Вторите, познати како неутрализирачки тестови, се спроведуваат така што крвниот серум во лабораторија се доведува во контакт со делови од коронавирусот за да се утврди каква е прецизноста на антителата.
Со други зборови, ако имате многу антитела во крвта, мала е веројатноста дека сите тие антитела таргетираат, односно се насочени кон погрешен дел од вирусот. Тоа значи дека дури и едноставен тест за антитела укажува на одреден степен на заштита, но не може прецизно да ви каже колку. Всушност, никој не може да ви каже до кој степен сте навистина имуни. Дури и со голема количина антитела, постои одредено ниво на несигурност.
Три вида антитела се особено интересни. „Силите за брзо делување“ против вирусот се IgA и IgM антителата. Тие брзо се создаваат, но нивното ниво по завршувањето на инфекцијата се намалува побрзо отколку третиот вид на антитела. Тоа се IgG антитела, односно „мемориските клетки“, кои можат да останат во организмот долго време и можат да се „присетат“ дека SARS-CoV-2 е
непријател.
Организмот почнува да произведува IgG антитела дури неколку дена од почетокот на инфекцијата и затоа за тестирањето на тој тип антитела, треба да се почека најмалку две недели по инфекцијата.
Од друга страна, тестовите на IgM антитела, веќе неколку недели по инфекцијата може да бидат негативни, бидејќи тој тип на антитела брзо исчезнува.
Со серолошките тестови се докажува присутноста на антителата IgM и IgG во крвта, кои настануваат како имунолошки одговор на организмот по контактот со вирусот SARS-CoV-2.
Според моментално познатите податоци, IgM антителата во крвта може да се откријат најрано кон крајот на првата недела од појавата на симптомите, додека IgG антителата се појавуваат најчесто во текот на втората недела.
Негативниот тест не значи секогаш дека не сте заштитени од вирусот. И оние со негативен тест може да имаат одредено ниво на заштита, благодарение на Т-клетките (Т-лимфоцити), уште еден метод на борба на организмот против вирусот
За лицата со нарушен имунолошки систем или пациентите кои земаат имуносупресивни лекови, тестот на антитела има смисла по втората доза на вакцината, тие можат да го проверат нивото на антитела во организмот, додека за сите други, вакцинираните и оние кои прележале ковид- 19 значењето на тестот е ограничено.
извор: slobodenpecat.mk