Право на учество ќе имаат сите физички лица кои се вработени и нивните редовни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари.
Според Програмата за поддршка на домашен туризам за работниците со ниски приходи, министерството за економија објави јавен повик за издавање на потврда за користење ваучер за организиран одмор во износ од 12.000 денари.
„Основна цел на овие проекти е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона. Министерството за економија ќе издава Потврда во вкупна вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во Категоризираните угостителски објекти за сместување лоцирани во Туристичките центри во земјава кои претходно се пријавени во министерство за економија.“, стои во јавниот повик.
Право на учество ќе имаат сите физички лица кои се вработени и нивните редовни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари.
Пријавувањето трае до 30 јуни, а детали околу потребните документи може да прочитате на веб страницата на Министерството за економија.