Бидејќи имунитетот сè уште не е стекнат, невакцинираните лица сепак треба да носат маски за да се заштитат. Експертите велат дека луѓето кои не се вакцинирани треба да продолжат да носат маски и по укинувањето на мерката за задлжително носење маски. Тие исто така треба да продолжат да одржуваат растојание на собири во затворени простории. Оние кои не се вакцинирани можат полесно да се заразат со коронавирусот и полесно да го шират. Затоа треба да продолжат да бидат претпазливи.
Оние кои не се вакцинирани, сè уште треба да ги носат, особено децата бидејќи вакцините сè уште не се одобрени за лица на возраст под 12 години. Најголемите ризици сè уште се во малите затворени простори каде што има собрани луѓе. Особено треба да се внимава кога ќе се соберат луѓе од неколку различни домаќинства. Минт исто така истакнува дека ризикот од инфекција кај оние кои не се вакцинирани постои сè додека коронавирусот циркулира во популацијата. Вирусот ќе престане да циркулира само кога доволно луѓе се вакцинираат и кога доволно од нив ќе развијат антитела.
извор: kajgana.com