Мерките што ги препорача Комисијата за заразни болести, беа прифатени и стапија на сила од ноќеска на полноќ.
Од денес се укинува полицискиот час, угостителските објекти нема да имаат ограничување во работното време, свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локали само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица.
Ова се мерките што ги препорача Комисијата за заразни болести, а вчера на седница ги прифати Владата и стапија на сила од ноќеска на полноќ.
Една од препораките е и измена и дополна на Протоколот за организирање свадби, прослави и веселби.