Иако бројот на заразени опаѓа, се поставува прашањето - Дали треба да се плашиме од нова „експлозијата“ на вирусот во септември?
Епидемиологот Радмило Петровиќ вели дека во Велика Британија, чија влада објави 11.007 новозаболени лица, што е најголема дневна бројка од 19 февруари, преовладува новиот индиски сој, кој е поопасен од претходните и потсетува дека вакцинацијата е сепак основната мерка за заштита од ширење на епидемијата.
Тој забележува дека бројот на пациенти во Европа воопшто, а особено во Србија се намалува, но како што вели, има нешто што е сè уште загрижувачко и посочува дека времето за релаксација сè уште не е дојдено.
“Кај нас, ситуацијата се стабилизира. Ова значи дека сеопфатната вакцинација во Србија не е единствениот фактор што влијае на падот на бројот на нови случаи, така што причината за падот на бројот на заразени во Европа и во нашата земја очигледно е под влијание на нешто друго освен вакцинацијата, што засега е непозната, но ме загрижува” - вели Петровиќ.
Сепак, како што додава, вакцинацијата треба да се продолжи, особено за помладата популација од 30 или 25 години.
“Ако тој индиски сој на вирус дојде кај нас, тој ќе се прошири во текот на летото, а ќе биде невидлив за тинејџери и деца на училишна возраст кои ќе станат асимптоматски заразени и ќе продолжат да ја пренесуваат инфекцијата од еден на друг. Вирусот е и ќе биде присутен до есен, но со намален интензитет. Студеното време, грејната сезона, враќањето на студентите во универзитетските сали, учениците во школските клупи најверојатно ќе бидат “главните виновници” за почеток на новиот бран. Секако, да се надеваме дека овој бран ќе биде далеку помал од претходниот” - вели Петровиќ.
извор: pink.rs