Во Нова Пазова се отвори логистички центар на компанијата „Лидл“. Претставници на
германскиот трговски ланец најавија дека до крајот на годинава ќе отворат дваесетина продавници во
Србија, за што е објавен конкурс за вработување околу илјада продавачи.
Во центарот во Нова Пазова, со површина од 45.000 метри квадратни, работат 180 луѓе.
Генералниот директор на компанијата „Лидл Србија“, Томислав Шапина рече дека целта на „Лидл“ е во
Србија, како и во другите земји, да се понуди свежа и квалитетна стока по најповолни цени.
– Нудиме и добри работни услови и соодветен надомест во пријатна атмосфера, рече Шапина.
Вучиќ посочи дека „Лидл“ во логистичкиот центар во Нова Пазова инвестира 55 милиони евра.