Околку 64.000 граѓани на возраст од 40 – 59 години се пријавени на веб – страницата за вакцинација, а сé уште немаат термин кога да се појават на пунктовите. Над 40.000 граѓани на возраст од 60 години исто така чекаат термин за вакцина.
Од Министерството за здравство велат дека сите тие граѓани почнувајќи од следната недела, во рок од 20 – тина дена ќе бидат вакцинирани со онаа вакцина што е достапна.
Во земјава моментално достапни се вакцините на “Синовак” , “Фајзер” и “Астра Зенека” , а тече и ревакцинацијата со кинеската Синофарм. Во петок се очекуваат да стигнат нови 100.000 вакцини од производителот Фајзер.
извор: a1on.mk