Откако германската сојузна влада од 20 јуни ги укина ограничувањата за влез за лица резиденти во Македонија, сега повторно е можно да се обработуваат барањата за визи согласно чл. 26 став 2 од Регулативата за Западен Балкан, соопштија од германската амбасада во Скопје. За време на пандемијата поради ковид-19, влез со цел вработување согласно чл. 26 став 2 од Правилникот за вработување не беше можен поради ограничувањата за влез во ЕУ предизвикани од пандемијата.
-Од 1 јануари 2021 година во Германија влезе во сила последователнa регулатива на важечката таканаречена „Регулатива за Западен Балкан“. Со тоа, Сојузната влада, и по истекот на 2020 година за државјани од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, овозможи привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот. Ова и понатаму важи за секој вид на вработување – независно од признатата квалификација - стои во соопштението.
Германија пак ќе прима македонски работници
Вести
-
Се купуваат билети во еден правец – Како да се спречи одливот на работници?!
Иселувањето на младите мозоци во странство не се должи само на ниските примања, разликата во платите е само еден фактор-високо образованите луѓе бегаат од Македонија во прв ред поради коруптивното однесување,односно поради политичката корупција, цени академската фела. Без оглед на високата плата која ја земаат надвор од границите на Македонија, животот во западните земји е скап, а режиските трошоци високи,но младите притиснати, од немајкаде ја напуштаат државава.
-
Сакаш да работиш за клиенти како Ford, BMW, Jaguar, Land Rover, Puma, Durex, L'Oreal? Те чекаме во Scandiweb
Одлична шанса да станеш дел од тимот на Scandiweb!
-
КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Хотел Југославија срушен до темел
Еден од препознатливите симболи на Белград, хотелот „Југославија“ денеска беше до темел урнат, а на тоа место како што претходно беше најавено ќе се гради луксузен деловен и станбен комплекс со два облакодери.
-
Како да препознаете добра ракија во време на фалсификати?
Пазарот за ракија е преплавен со производи кои на прв поглед изгледаат привлечно, но не секое шише со транспарентна течност е вредно за дегустација. Во последните години, поради високата побарувачка, се појавија голем број лажни производи кои само ја нарушуваат репутацијата на овој традиционален балкански пијалак.
-
Колку навистина е СКАПО да се живее во Германија и што е НАЈСКАПО?
Колку пари ви остануваат на крајот на месецот зависи и од вашиот животен стил во Германија. За некои работи, луѓето во Германија сакаат да трошат малку повеќе.
-
Германија може да биде и дома, во земјава има 200 германски компании во кои работат близу 30 илјади Македонци!
Кризата во Германија и најавените зголемени царини за Европа од страна на новиот американски претседател Трамп не ги исплаши бизнисмените од најмоќната европска економија.