На монетата има портрет на Филип, нацртан од уметникот Јан Ранк-Брудли, објави АП.
Министерството за финансии на Велика Британија вчера претстави нова, специјална монета од пет фунти, во чест на неодамна починатиот принц Филип, сопруг на британската кралица Елизабета Втора.
Принцот Филип почина во април на 100-годишна возраст и токму тој ja одобри изработката на паричката уште во 2008 година.
На монетата има портрет на Филип, нацртан од уметникот Јан Ранк-Брудли, објави АП.
Иако станува збор за законско средство за плаќање, паричката е направена во ограничен број и нема да ја издаваат банките.
„Монетата е направена во спомен на војводата од Единбург, кој инспирираше многу луѓе ширум светот со својата служба кон државата и кралицата“, рече министерот за финансии Риши Сунак.