Многу пари, малку памет, глупости, катастрофа, нема лоши деца туку само лоши родители, претерано е, на 18 хеликоптер ќе треба а на 20 јахта ќе бара, се само некои од коментарите.
Оваа фотографија го запали интернетот, многумина би рекле ако на полуматурант му подаруваат ваков автомобил за матурата што следи БМВ, Мерцедес?
…
Дали е претерано?
Уште една приказна на темава, судете сами:
Дедо Живко од Скопје: Јас земав кредит за доградување куќа, син ми денеска зема кредит за славење на матура
Дека времињата се различни и дека се менуваат покажуваат многу работи. На некои луѓе приоритет им е да изградат дом, па затоа и се спремни да земат кредит, но некои приоритетот го ставаат во славењето на матурите. Дедо Живко од Скопје, е возрасен пензионер, кој свесно ја размислува сутуацијата поврзана со славењето на матурите.
– Пред многу години, кога јас бев млад, кога моите деца беа мали, јас се осудив да земам кредит за доградување на мојот дом. Бев свесен дека имам двајца синови, а мојата куќа дека е мала. Не направив ништо посебно, туку само по две соби да има за секој. Кредитот го враќав со години, но куќата ми остана.
– Еве што се случува денеска. Мојот син е веќе возрасен, и тој се уште живее во две соби, јас што ги направив. Тој не размислува да доградува, иако има дома две машки деца. Тој не размислува за дом, тој размислува за славење на матура. Земаа кредит за една вечер. Ќе поканат 70 луѓе, ќе се слави во ресторан… Ете денеска на што се дава приоритет. Јас не сум против славење на било што, но порано важеше една изрека, испружи си ги нозете, колку ти е долга чергата. Јас не им се спротиставувам во одлуката, но си кажувам дека е погрешна, вели дедо Живко.
Во меѓувреме во Украина едумнаесетгодишната Анстасија ги запрепастила наставниците, но и целиот град кога се појавила во скандалозен матурски фустан. Нејзината фотографија станала вирален хит, а нејзината мајка изјавила дека во комбинацијата на ќерка и не гледа ништо лошо.
Станува збор за Анастасија Фоменко од Павлоград која на матура дошла во чист скандал од фустан.
Она што многумина ги зачудило е тоа родителите без проблем стојат гордо покрај неа и не гледаат ништо чудно во нејзиниот фустан.
Нејзината мјака Олена Фоменко по професија учителка лавовски го бранела изборот на својата ќерка.
„Таа после матурата продолжи на колачи и сок и замина дома, а не остана да пие и пуши по кафани“, рекла Олена.
извор: букефал.инфо