Џој Мангано го создаде џогерот Miracle Mop и други производи што вредат околу три милијарди долари, а својот бизнис го почнала пред околу 30 години. Потребата да изгради нов живот за себе и своето семејство беше првиот чекор кон создавање на нејзиниот бизнис од милијарда долари.
“Во 30-тите години се почувствував како да ја губам контролата над својот живот, па ја презедов контролата и направив некои промени и повторно сфатив што сакам да бидат“, пишува Мангано во нејзината книга.
Идејата за чудесниот џогер ја добила на едрилицата на нејзиниот татко кога почнала да чисти кога некое од нејзините деца истурило нешто, па таа нормално се фатила за крпа. Мангано ги ангажирала своите блиски да помогнат во правење на првите 1.000 џогери. Таа го претстави Miracle Mop во 1992-ра година и продала повеќе од 18.000 производи по првата телевизиска презентација. Денес таа има повеќе од 100 патенти за своите пронајдоци и успеа да заработи три милијарди долари од продажба на своите производи.
Прочитајте: “Среќата ги прати храбрите”: Интервју со дамите кои гo донесоа брендот Бaрнер!
“Тоа не мора да бидат вселенски бродови. Мора да имате емпатија кон оној кој е ваш купувач или потрошувач. Ако го искористите тоа, ќе имате големи шанси за успех“, порачува таа.