Комисијата ќе разговара на темата за построги мерки за влез во земјава како и потребата од карантин
Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува дали има потреба од евентуално нови мерки за заштита против ширењето на делта сојот на коронавирусот.
Комисијата треба да процени дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме и дали има потреба од воведување на нови мерки во однос на заштита на границите.
Неофицијално се споменува дека во опција е одлука за карантин, негативен ПЦР или да се покаже сертификат за вакцинација кај патниците кои се враќаат од ризичните земји.
Засега Македонија само за патниците од Индија има условен влез од 14 дневен карантин, но денеска се очекува да се прошири листата со други високоризични земји.
Новиот сој се уште не е увезен во Македонија, а во однос на овој проблем за построги рестрикции размислуваат и надлежните институции во Србија и во Албанија.