Цените на угостителските услуги во јуни оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0,1% и Безалкохолни пијалаци за 0,1%. Цените на угостителските услуги во јуни 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,2%.
Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,3%, додека во однос на декември 2020 година се зголемени за 0,1%.
извор: biznisinfo.mk