На само два километра од местото Супетар на островот Брач во Хрватска, од јуни почна со работа кампот Boutique Camping Bunja. Од оваа сезона Супетар ќе има boutique камп со четири ѕвезди. Интересно е што инвеститорите, а станува збор за инвестиција вредна два милиони евра, се три жени претприемнички: Маја Шешниќ, Томислава Шпиреља и Лана Ивичек.
Кампот има 14 модерни куќички 32 пространи терени за кампери и шатори, од кои најголемите, луксузни, зафаќаат површина од 80 до 130 метри квадратни, додека comfort парцелите со површина од 60 до 80 метри квадратни. Куќичките, исто така, имаат и подно греење. Сите парцели имаат струја, вода и одвод. Покрај бар, масажа на плажа и слатководен базен, има и детски игралишта, изнајмување велосипед, кајак… Сочувани се борови стари неколку века, маслинови дрвја и медитеранско зеленило.
Поминале пет години за овие три Хрватки да ја реализираат својата идеја. Нивната идеја е кампот да биде функционален преку целата година, а не само во сезона.
“Ја пропуштивме минатата сезона, која беше исклучителна. Оваа од друга страна е многу стресна“, вели Томислава.
Какви се цените?
Тие се обидуваат преку разни акции да дојдат до домашни гости.
“Поминување на одмор во камп е начин на живот. Поевтиното сместување не е мотив за гостите долго време. Во нашиот камп има дури и туш за миленичиња. Сопствениците на миленичиња имаат барања, но ако нивното милениче има сè што им треба на летниот одмор, тогаш тие се многу задоволни“, забележува Томислава.
Иако е финансиски експерт, вели дека сè уште нема идеја како може да заврши оваа година. Засега, тие се фокусираат на букинг и канали за промоција и продажба.
“Ние направивме истражување на други кампови со четири ѕвезди и врз основа на тоа ги утврдивме цените. Овие цени ги оставивме и за оваа година немаме намера да ги намалиме. Сепак, сега имаме специјални понуди почесто“, вели Лана Ивичек.
Цената на изнајмување куќичка се движи од 65 до 190 евра.