Недостигот на микро-чипови на светскиот пазар ќе доведе до намалување на производството на автомобили за околу пет милиони годинава, покажа анализата на „Центарот за автомобилски истражувања“ во Дуизбург.
До крајот на годината се очекува да бидат регистрирани 74,8 милиони нови возила ширум светот, што е за 9,3 проценти повеќе отколку во 2020 година.
Доколку немаше проблем со испораката на чипови, околу 80 милиони автомобили би се продавале ширум светот, тврдат авторите на студијата.
Се очекува ситуацијата во втората половина на годината да биде полоша од сега поради недостигот на чипови на пазарот. Времето на испорака на чиповите ќе биде подолго и поради тоа испораката на автомобили ќе доцни и во 2022 година.
Студијата најавува дека недостигот на микрочипови ќе трае до почетокот на 2023 година.