Живеете на Балканот, а сакате да работите во Германија? Заборавете на азил и на работа на црно и легално побарајте работна дозвола. Кон крајот на 2015 година стапи во сила Регулативата за Западен Балкан.
Поедноставената процедура требаше на граѓаните од земјите на Западен Балкан да им го олесни заминувањето во Германија. Но, олеснувањата очигледно не се исти за сите. Додека за физичарите, математичарите, инженерите, лекарите и информатичарите долната граница за добивање „син картон“ е спуштена на 40.000 евра, за останатите академски граѓани и понатаму е 50.000 евра годишна плата.
За занаетчиите не постојат парични ограничувања, но медицинскиот персонал, возачите и фризерите многу полесно добиваат работа во Германија отколку, на пример, трговците.
Во 2017 година бројот на издадени работни дозволи се зголемил за 60 отсто. Но, истовремено се зголеми и бројот на одбиени.
Нов модел за вработување Балканци во Германија
Вести
-
Просечната плата во Србија за првпат надмина 100.000 динари
Српксиот министер за финансии соопшти дека просечната плата во Србија за ноември првпат ја надминала границата од 100.000 динари, достигнувајќи 100.738 динари (861 евро). Тој додаде дека официјалните податоци од Републичкиот завод за статистика ќе бидат објавени утре.
-
Во Хрватска бојкот на продавниците поради превисоките цени
Во Хрватска денеска има бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива што започна во Фејсбук групата „Ало, инспекторе“, која е поддржана од Европскиот центар за потрошувачи Excellence (ECIP), а оттогаш е поддржан од компании за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од самиот министер за економија.
-
Во Хрватска недостиг од работници – плати до 2.500 евра: Секој кој има еден од петте занаети може буквално да избере каде ќе работи
По земјотресот во Загреб во март 2020 година, центарот на градот беше преплавен со графити на кои пишуваше „Недостасуваат ѕидари. Во меѓувреме, овој недостиг е делумно компензиран со увезена работна сила, но ѕидарите остануваат меѓу многуте професии со недостиг во Хрватска“.
-
Луксембург има највисока минимална плата: Maкедонија е последна на листата - каде се другите од регионот?
Соседна Бугарија има најниска минимална плата во Европската Унија(ЕУ). Бугарските работници земаат минималец од 477 евра, а највисок минималец имаат работниците во Луксембуг, односно 2.571 евро.
-
Цената на кафето на рекордно ниво по намалените испораки од Бразил
Цените на кафето арабика вчера достигнаа максимум благодарение на силната побарувачка и ниската понуда од Бразил.
-
Паметно греење – како да ја одржите топлината во домот без да ги зголемите сметките?
Прашањето за идеалната температура во домовите во зимските денови секогаш е актуелно. Загревањето на просториите не е само прашање на комфор, туку и на здравје, енергетска ефикасност и заштеда.