Исто како што можете да ангажирате некого да го шета вашето куче, можете да најмите некој да ве гушка или да тагува со вас за некој близок што починал, пишува „Бизнис инсајдер“, носејќи список со 14 најчудни занимања.
1. Лица кои извлекуваат отров од опасни змии, како што се кобрите. Отровот се користи за производство на противотрови и за други лабораториски цели, па затоа грам од отровот чини илјадници долари.
2. Професионални деверуши се девојки кои ги вработувате доколку немате кој да ви ја игра таа улога на вашата свадба. Во моментов има компании кои ангажираат професионални деверуши. Чинат од 300 до 2 илјади долари.
3. „Луѓе кои поместуваат санти мраз“. Бизнис започнат по потонувањето на Титаник. Беше лансиран од американската крајбрежна стража. Тие ја бараат локацијата на ледениот брег и обезбедуваат безбедна рута за минување на бродот. Доколку е потребно, ледениот брег е целосно отстранет.
4. „Професионалци за жалост“ се лица кои можат да бидат ангажирани да го оплакуваат починатиот на неговиот погреб. Компанијата во Велика Британија која ги изнајмува се нарекува „Rent A Mourner“ и наплаќа 70 долари за изнајмување за два часа.
5. Инструктори за сурфање за кучиња може да се најдат во бројни одморалишта покрај океаните. Тие се оние кои можат да ги научат кучињата да сурфаат на брановите.
6. „Сензори за лице“ кои се обучени да ги користат рацете за проценка на лицето по употреба на разни лосиони, креми и производи што го чистат лицето. Тие работат со скратено работно време и наплаќаат 25 долари на час.
7. Луѓе што можете да ги најмите за гушкање. Тие исто така наплатуваат 80 долари за еден час гушкање. Саманта Хес, која се занимава со овој бизнис, тврди дека лошата страна на оваа работа е што носи емоционален товар со себе.
8. Професионални телевизиски гледачи. Иако се чини дека ова е многу лесна работа, тоа се луѓе кои можат да пронајдат „клипови“ на одредена тема во различни ТВ-емисии што некому му се потребни.
9. Лица кои сликаат на урни. Роднините понекогаш по кремирањето на починатиот бараат од уметникот да ја украси неговата урна во која ќе ја чува пепелта на починатиот.
10. „Проценувачи на здив“ се луѓе кои претежно работат во компании кои произведуваат гуми за џвакање, паста за заби или средства за плакнење на устата. Тие ја проценуваат ефективноста на овие производи за да му укажат на производителот дали треба да се поправи нешто.
11. Луѓе кои пробуваат храна за кучиња да проценат дали е квалитетна. Тие се ангажирани од производители на храна за кучиња, а кога ќе ја испробаат храната обично ја плукаат.
12. Лица кои го одредуваат полот на кокошките.
13. Луѓе кои стојат во ред и чекаат наместо своите клиенти за да завршат некоја работа. Тоа се луѓе кои заработуваат и по илјада долари неделно.
14. Луѓе кои пишуваат пораки за колачиња за среќа. Заработуваат до 40 илјади долари годишно, а претежно се хонорарни работници.