![Во Саранда двајца може да поминете и со 5 евра за брз оброк, еве ги другите цени](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/dc/0877bfcd-resize-820x0x100.jpg)
Летово албанското летувалиште Саранда е меѓу првите избори на македонските туристи, меѓу другото, и затоа што не се потребни посебни документи за влез во Албанија поради пандемијата.
Друга причина се прифатливите цени.
Во споредба со останатите дестинации во регионот, Саранда освен преубави плажи нуди и цени прифатливи за сечиј џеп.
Комплет од две лежалки и чадор ќе ве чинат околу 10 евра.
За ручек во некој бар за брза храна ќе треба да одвоите 5 евра за две лица, додека оброк во ресторан ќе ве чини околу 15 евра.
Шише вода чини половина евро, газиран пијалак едно евро, а пивото, зависно дали е домашен ил иувезен бренд, од 1-2 евра.
Цените во супермаркетите се речиси исти како и повеќето цени на намирници кај нас.