Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07) 20 Јули, вторник, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.
Во продолжение прогледнете ги сите неработни деновиве кои ни останаа до крајот на годинава:
За сите граѓани на РМ: 02 август (понеделник), Ден на Републиката, 8 септември (среда), Ден на независноста, 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед: 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед: 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.