Научниците од јапонскиот Национален институт за информатичка и комуникациска технологија (НИЦТ) го соборија рекордот во брзината на пренос на податоци преку интернет.
Јапонците постигнаа брзина на интернет од 319Tbps (терабајти во секунда), што е скоро двојно побрзо од претходниот рекорд поставен од британски и јапонски научници во август 2020 година, кој гласеше 179Tbps.
НИЦТ постави нов рекорд подобрувајќи ја буквално секоја фаза од ланецот. Се користеа оптички влакна со четири наместо едно јадро, како и засилувачи. Овој вид оптички влакна може да се користи за постојните системи, но неговата цена лесно може драстично да скокне.
Преносот на податоците е извршен во должина од 3.001 километар.
Научниците планираат да го зголемат опсегот на прекуокеанските растојанија.