Зошто дружењето со луѓе кои се повешти од вас, ќе ве однесе далеку во животот? Инвеститорот и милијардер, Ворен Бафет го има одговорот.
Новото интервју на CNBC со милијардерите Ворен Бафет и неговиот деловен партнер Чарли Мангер го расветли нивното шестдецениско пријателствo.
Бафет и Мангер преминаа со Berkshire Hathaway од фабрика за текстил до конгломерат вреден 650 милијарди долари. И тие никогаш не се скараа. Зошто? Бидејќи нивната врска се заснова на взаемно восхитување.Токму во оваа насока Бафет понуди совет на секој што сака да води успешен приватен или деловен живот: Подобро е да се дружите со луѓе кои се подобри од вас.
Остави го своето его настрана
Ова е најтешкиот чекор и причината зошто малку луѓе го следат советот на Бафет. Кога последен пат препознавте дека вашиот врсник, сопруга, пријател или дури и конкурент ве прави подобра личност?
Професионалниот голфер Фил Микелсон – кој влезе во историјата со освојувањето на PGA Championships на 51 година – еднаш призна на прес-конференција дека да не беше Тајгер Вудс, тој немаше да биде толку добар.
Силата на другата личност не ви одзема ништо. Всушност, можете да го користите нивниот пример како мотивација за подобрување.
Контактирајте се со луѓето на кои им се восхитувате
Кога ќе им признаете на луѓето дека ви се допаѓа она што го прават, ќе бидете изненадени од тоа колку се отворени да ве почестат со совети кои ќе ви помогнат да се подобрите.
Останете отворени за различни искуства
Излезете од вашата комфорна зона и активно барајте ги оние чии искуства и јаки страни се разликуваат од вашите.