Младите го носат товарот на сериозните економски последици од пандемијата на КОВИД-19. На глобално ниво, вработеноста на младите се намали за 8,7% во 2020 година, во споредба со 3,7% кај возрасните. Анализата на бројот млади луѓе што не се вработени, дава слика за целокупната ранливост на младите лица од економската состојба. Со едноставни зборови, ако стапката на вработеност оди надолу, мора да се зголемува стапката на лица што не се вработени.
Инспирирана од слични шеми од земјите членки на ЕУ, Гаранцијата за млади претставува заложба за поддршка на сите млади до 30 години, кои не се вработени, во образование или обука (т.н NEETs или НВОО). Оваа заложба им овозможува на младите право да добијат квалитетна понуда за вработување, обука, практикантство или континуирано образование во рок од четири месеци откако ќе го напуштат образованието или ќе останат без работа. Диспропорционалното негативно влијание од пандемијата на КОВИД-19 врз положбата на младите на пазарот на трудот и утврдува заложба за постепено спроведување на гаранциите за млади во регионот.
Јасно е дека намалување на вработувањата кое се надоместува со зголемување во образованието, во принцип, е попожелно од зголемување на стапката на лицата што не се вработени. Губењето работни места и зголемувањето на неактивноста генерално не се надоместува со враќање во образование. На пример, во Црна Гора, четворица од пет млади луѓе кои го загубиле своето работно место станале неактивни, а не невработени, но, не се вратиле во образование. Стапката на лицата што не се вработени, остана на нивото како пред кризата, иако во одредени случаи беше забележан пад од највисоката вредност во вториот квартал од 2020 година благодарение на мерките што беа спроведени.
Спроведувањето на гаранцијата за млади би можело да помогне да се избегнат долгорочните “лузни“, т.е. зголемување на веројатноста да се случува зголемување на случаите на губење на работни мета или неактивност, пониски плати и помала шанса младите да добијат добра и квалитетна работа.
извор: biznisinfo.mk