Најсреќен народ на светот се Финците, додека Македонија се наоѓа на 89 место од 156 анализирани земји.
Финска како држава е најсреќна земја на планетата бидејќи длабоко се почитуваат човечките права: рамноправност на половите, заштита на животната средина, системот на образование и рамнотежа помеѓу животот и работата.
Веднаш после Финска се наоѓаат Норвешка, Данска, Исланд и Швајцарија. Кога станува збор за државите од Европска унија, најсреќни се луѓето во Австрија, кои на оваа ранг листа го заземале високото 12 место. Зад нив се Германците, на 15 место.
Истражувањето за среќа, кое го направи Media Galup, покажува дека Финците се најсреќен народ, но граѓаните на таа земја не се согласни со таа оцена.
„Финците, но и останатите нордиски народи по природа се интровертни, тешко покажуваат емоции, како убави, така и тажни. По тие одлики, тие се чиста спротивност на латино-американците, кои имаат бурни реакции“, рекол Мајк Викинг, директор на институтот Happiness reasearch, пренесе Би-Би-Си.
Како и во многу истражувања, и во ова Словенија, кога станува збор за бившите југословенски републики, е најдобро рангирана и се наоѓа на 51 место. Зад неа, на 78 место се наоѓа Србија.
Нешто „понесреќни“ се граѓаните на останатите бивши републики, па така Црна Гора се нашла на 81 место, а Хрватска на 82 место. Седум места зад неа е и Македонија, а БиХ се наоѓа на последното место во регионот, односно на 93 место во светот.
sky.mk