Најдобро од сè, државната пензија е скоро еднаква на просечната плата
Швајцарската мултинационална инвестициска банка УБС го објави својот извештај за пензиските системи на одредени земји во светот, а Обединетите Арапски Емирати за прв пат се најдоа меѓу најдобрите.
Областа на Обединетите Арапски Емирати е едно од местата што го доживеа најголемиот економски просперитет во светот во последните децении, благоарение на трговијата со своите природни суровини, пишува порталот mirovina.hr.
Државната пензија во таа земја е толку силна што повеќето граѓани немаат потреба да штедат „за старост“, а условите за добивање пензија се едни од најблагите во светот.
Имено, тие можат да се пензионираат на возраст од 49 години, под услов да имаат најмалку 20 години стаж.
„ОАЕ имаат еден од најдобро позиционираните пензиски системи на глобално ниво. Но, дури и нивниот систем не е отпорен на демографски промени, па се очекува да претрпи притисок во следните децении. Во меѓувреме, тие имаат доволно време и можности да се прилагодат на реформските мерки “, рече д-р Нилс Зилкенс од УБС.
Како голема придобивка, тој го посочи фактот дека пензиите се практично еднакви на платата на просечен работник во ОАЕ. Тоа би било повеќе од 1850 eвра месечно за просечен пензионер.