ЈП Водовод и канализација апелираа во деновите со екстремно високи температури рационално да се користи водата
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.
Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 °C, како и податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.