Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот, соопштија од Министерството за труд и социјална политика, нагласувајќи дека исплатата на јулските пензии започнува од денеска.
-Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2021 година (четврток);
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.07.2021 година (петок), велат од МТСП.
Од министерството апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.