Министерството за труд и социјална политика извести дека започната е етапната исплата на јулските пензии
Тие ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
- до 11.000 денари исплатата беше во текот на вчерашниот ден
- денеска (28 јули) се исплаќаат пензии од над 11.000 до 14.000 денари,
- утре ( 29 јули) од 14.001 до 18.000 денари
- задутре (30 јули) тие со висина од над 18.001 денар.
„Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи. Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми“, велат од МТСП.
Апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.