Годинава сите што аплицирале за ваучери за домашен туризам а што ги исполнуваат условите ќе добијат. Министерството за економија објави дека обезбедени се доволно финансии за да се смени моделот односно наместо како лани ваучери да добијат само првите кои аплицирале по принципот прв дојден прв услужен годинава на летување со ваучер ќе одат сите над 4 илјади апликанти кои ги исполнуваат условите. Според министерот за економија се очекува ребалансот да помине во собранието и веќе од следната недела да се поделат ваучерите кои ќе важат до крајот на годината.
И додека хотелско туристичките работници се жалат дека годинава е една од најлошите министерот уверува дека сите планирани и ветени мерки и субвенции за секторот ќе бидат исплатени со усвоениот ребаланс рече министерот одговарајќи на новинарски прашања на прес конференцијата на која се промовираа новите одредби од законот за минерални суровини.
По консултации со невладините организации во новиот закон сега се предвидени многу можности за еднострано раскинување на договорите за експлоатација на минерални суровини, зголемени казни, банкарски гаранции како и услови од мислења на граѓаните преку општинските совети за оправданоста од отворање на рудник или ископ во некоја средина.