Туристичките работници во Србија ќе бараат помош од државата при вработување на работници
Туристичките работници во Србија ќе бараат помош од државата при вработување на работници, најави директорот на Здружението на хотелско-угостителстко стопанство на Србија (ХОРЕС), Георги Генов.
Генов за агенцијата Бета вели дека во септември ќе формулираат барање до владата на Србија за олеснувања при вработување на работници преку ослободување од данок и придонеси за со поголеми плати да го сопрат заминувањето на неопходниот кадар од земјата.
-На хотелите и рестораните им недостасуваат 15 илјади работници, а за да не заминуваат од земјата и да не бидеме принудени работници да увезуваме од Бангладеш, ќе побараме помош од државата, вели Генов за Бета.
На хотелиерите им недостасуваат готвачи, келнери и собарки.
извор: rabotnik.com.mk