
Времето денес променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот ќе има изолирана појава на локален пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува. УВ=8
Денес претпладне и во пладневните часови ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер. Понекаде процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и услови за појава на град. Денес и утре температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени во однос на изминатиот период.